Request a quote

Please wait...

Testimonials from clients

  • Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на вработениот во Никоб, Игор кој со својата брза, ефикасна и високо професионална реакција го спречи непознатото лице да ми направи голема штета. Тој не само што стасал на мојата адреса за многу кусо време и го лоцирал местото и начинот на кој делувало лицето, туку и остана да ја обезбедува куќата и мене лично, долго после моето доаѓање, се додека не дојдоа овластените лица од МВР. Со своето професионално, високо морално и хумано однесување Игор ја претставува куќата Никоб на најдобар можен начин.

    Мимоза Николовска-Котевска, корисник на услугите на Никоб

  • Благодарност кон вашиот колега Зоран Ангеловски, поради тоа што покажа високи етички вредности и еснафски го пронашол мојот изгубен/украден паричник, ме идентификувал преку моите документи што биле внатре, отишол во НЛБ и побарал број да ми јави дека моите документи се најдени. Браво! Да се наежи човек од тоа што има луѓе на оваа земја. Бидете горди што е во вашиот тим.

    Дарко Спасов, Делегација на Европска унија

  • Благодарност од Болеро Пингвин за успешно спречен напад на наша вработена од страна на вооружано лице. Голем поздрав до сите вработени во Никоб.

    Марјан Опаров, „Болеро Пингвин“