Политика за приватност

Политика за приватност на личните податоци при посета на нашата интернет-страна на Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје (веб страна)

 

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој НИКОБ ДОО Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник”) при посета на нашата интернет страна www.nikob.com.mk (понатаму:„интернет-страница”).

Оваа Политика за приватност се однесува единствено за Нашата интернет-страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет-страници до кои пристапувате преку нашaта интернет-страница.

НИКОБ ДОО Скопје го задржува правото да изврши промени на содржината и реализацијата на овaa веб страна, како и да го суспендира или целосно да го прекине нејзиното функционирање во било кое време без претходно известување, иако тоа не ја претпоставува обврската периодично да се ажурира истата.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет-страницата, вашата приватност целосно се почитува.

При посета на нашата интернет-страница, НИКОБ ДОО Скопје ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги и производи и само оние лични податоци што Вие лично ги внесувате при регистрација за Е-сметка, за користење на услугите преку нашиот веб-сајт или кога барате да ви доставуваме електронски информации преку адреса за eлектронска пошта.

Личните податоци кои се собираат зависат од тоа дали пристапувате како посетител или сте наш регистриран корисник, при што можат да се соберат следниве лични податоци: име и презиме, адреса, назив и седиште на фирма, адреса за е-пошта, ЕМБГ ако сте физичко лице или ЕМБС ако сте правно лице, контакт-телефонски број и сл.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработката на Вашите лични податоци за друга цел може да се врши единствено врз основа на ваша претходна согласност. 

Како Наш корисник, имате право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства за комуникација, да ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци, целосно или како дел од вашите лични податоци кои претходно биле прибрани, обработувани и чувани.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

 

Обработката на Вашите лични податоци НИКОБ ДОО Скопје ја врши согласно Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија и сите други законски прописи кои го регулираат ова прашање, преземајќи ги сите пропишани технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во НИКОБ ДОО Скопје се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во утврдена постапка согласно закон.

За сите допонителни информации, прашања или забелешки во врска со заштита на личните податоци, субјектите на лични податоци можат да ги достават меил до Офицерот за заштита на лични податоци на следната е-меил адреса: maja@nikob.com.mk.

 

 

Бесплатна безбедносна проценка