Услови за користење

 1. Со користење на услугите на веб-страната на Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје се признаваат и прифаќаат условите за користење на веб-странатa www.nikob.com.mk. (понатаму: НИКОБ) кое го задржува правото во секое време да ги измени овие услови.

 

2. НИКОБ ќе се стреми да ја обезбеди услугата достапна 24 часа на ден, 7 (седум) дена во неделата. Неизбежните прекини, особено оние што се однесуваат на сервисирање и одржување, доколку е можно, ќе бидат објавени на веб страната на НИКОБ.


3. НИКОБ го задржува правото во секое време да промени, ограничи или укине одделни делови од услугите.


4. За да се користи услугата за електронски плаќања преку НИКОБ Е-СМЕТКА, корисникот е должен да се регистрира со вистинити и точни податоци. Корисникот ја користи услугата на сопствена одговорност. НИКОБ  не презема одговорност за можните штети кои корисникот на услугата евентуално би ги претрпел за време на користењето на услугата или поради недостапност на услугата во одредени периоди.


5. Како предуслов за употреба на веб страната, Вие се согласувате дека: имате најмалку 18 години; сте во можност да направите правна обврска; нема да се обидете да вршите било какво дејство врз веб страната за преземање на информации од истата; Вашето користење на веб страната во секое време ќе биде во согласност со овие Услови за користење; ќе оставате точни информации за Вас на било кое барано место на веб страната; ќе ги променувате податоците за Вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време.

 

6. За електронското плаќање на услугите на НИКОБ преку преку НИКОБ Е-СМЕТКА  на веб страната, корисникот ги внесува основните податоци за себе.

 

7. По обидот за трансакција, корисникот добива потврда по е-пошта известување за статусот на трансакцијата, односно дали истата е извршена или е неуспешна.

 

8. Веб страната е отворена за секој посетител на НИКОБ.


9. НИКОБ го задржува правото без претходна најава и известување да го ограничи или да го укине пристапот до услугата на одреден посетител, доколку тој ја користи услугата на недозволен начин или со невистинити податоци. Ова важи особено доколку:
· постои основано сомневање дека корисничките податоци за регистрација се невистинити,· постои основано сомневање дека онлајн услугите се користат за да се изврши измама.

Доколку корисникот се посомнева во неавторизирано користење на неговите податоци, тој е должен веднаш да го извести НИКОБ за евентуално неовластено користење на услугите преку неговото корисничко име.

 

10. Авторските права за сите документи (текстови, слики итн.), употребени при изработката на веб страницата му припаѓаат на НИКОБ, освен ако не е поинаку наведено. Преку користењето на веб страницата корисникот или трети лица не се здобиваат со авторско право, лиценци или слични права. Документите понудени на веб страницата и нивната содржина не смеат да се менуваат, умножуваат, дополнуваат или на некој друг начин да се употребат без претходна добиена писмена дозвола од НИКОБ.

 

11. Во никој случај НИКОБ, неговите соработници, неговите вработени, агенти, даватели на услуги и провајдери на содржина не се одговорни за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со: вашето користење на веб сајтот, содржината, корисничката содржина и други информации содржани на веб сајтот; вашата неможност да го користите сајтот; промена или отстранување на содржина поставена на сајтот.

 

12. НИКОБ  нема да се смета за одговорен за доцнење или неизвршување на своите обврски согласно овие Услови кои произлегуваат од било кои причини кои се надвор од нејзина контрола како што се: штрајкови, инвазија, терористички напад или закана од терористички напад, војна (дали е прогласена или не), или закана или подготовка за војна; пожар, експлозија, невреме, поплава, земјотрес, епидемија или друга природна катастрофа; неможност за користење на јавен или приватен транспорт; сообраќаен метеж, сообраќајни несреќи, неможност за користење на јавни или приватни телекомуникациски мрежи; актите, декретите, законите, регулативи и сл.

 

13. Доколку не се согласувате со наведените услови, Ве молиме не ја користете нашата интернет-страница. Вашето континуирано користење на страницата и притоа следејќи ги промените на овие услови ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.

Бесплатна безбедносна проценка