Со висококвалитетниот видеонадзор на НИКОБ можете во секое време да видите кој е пред вашата врата, во вашиот дом, вашите деца во нивните соби, во дворот и сл.
Системите за видеонадзор овозможуваат мониторинг над моменталната состојба, како и прегледување на снимка од обезбедуваниот објект или објекти локално, на компјутер, од оддалечена локација или пак од мобилен телефон.
Резолуцијата на снимање, која кај аналогните системи изнесува најмногу до 0,4 мегапиксели (МP), додека кај IP базираните системи се движи од 1,3 MP, 2MP, 3MP, 5MP па се до 23MP. Резолуцијата дозволува повисоко ниво на квалитет на снимката.
Комуникацијата помеѓу посебните единици во системот. Кај аналогните системи потребна е посебна кабелска инфраструктура за камерите да се поврзат со системите за снимање (Дигитални Видео Рекордери – ДВР) додека IP системите може да користат веќе постоечка IP инфраструктура.
Покрај овие суштински разлики со напредокот на новите дигитални технологии и двата система овозможуваат поголемо ниво на дистрибуираност и децентрализација на системите за видеонадзор, како за мали системи (ланец од неколку продавници, неколку канцеларии на различни локации), средни системи (како на пример дистрибутивна мрежа од продажни салони, продавници, супермаркети и слично), така и за поголеми системи (корпоративна мрежа со неограничен број камери инсталирани во неограничен број објекти). Следењето на овие системи без разлика на големината може да биде локално (со монитори на самите локации), како и централизирано (од една централна локација да се следат сите камери). За да се реализира едно централизирано решение за видеонадзор, или пак едноставно да се пристапи до одреден систем од оддалечена локација потребно е инсталирање на каков било комерцијален пакет на интернет услуги.
Генерално системите за видеонадзор се дизајнираат во димензии од 4, 8 или 16 камери по систем што не претставува бариера и за планирање на поголеми системи со тоа што едноставно се зголемува бројот на дигиталните видео рекордери на зададената локација.
Основни компоненти во еден систем за видеонадзор без разлика дали е аналоген или ИП базиран се камерите и дигиталните видео рекордери – ДВР.
Стандардни или т.н. БОКС (BOX) камери Стандардните или таканаречени БОКС камери кои најчесто се користат или за внатрешна монтажа или за надворешна монтажа поставен. Исто така, истите можат да бидат поставени и во заштитно куќиште.
Куполни камери кои заради подискретната изведба најчесто се користат за внатрешна монтажа во самите објекти и истите може да бидат во стандардна изведба или во изведба која е отпорна на вандализам и удари, кои се користат најмногу во надворешни услови. Исто така, се нудат изведби со вградено инфрацрвено осветлување.
Камери со инфрацрвено осветлување за надворешна монтажа се користат генерално на локации каде во ноќните часови осветлувањето на надворешниот дел од објектот што се снима освелувањето е многу слабо или воопшто не постои.

Специјализирани камери, кои вклучуваат камери за скриена монтажа, камери за инсталација во екстремни услови (многу високи или многу ниски температури) и слично.