• nikob@nikob.com.mk
  • 02 / 3088 - 500 | 02 / 3088 / 505
  • Пон - Пет 8:00 - 16:00

Системот за регулирање, регистрирање и евиденција на наплата на услугата за користење на паркиралиште (во понатамошниот текст системот), всушност е еден современ автоматизиран компјутерски систем, со кој се остваруваат услови за воведување едно современо сообраќајно-техничко решение за работа на системот. На тој начин ќе се исполнат претпоставките за автоматизирање на службата која управува и стопанисува со системот, со што ќе се зголеми ефикасноста и увидот во работењето, ќе се подигне нивото на пружената услуга на корисниците на паркиралиштето, ќе се намалат можностите за манипулација, како од страна на корисниците, така и од страна на операторите со системот, а од друга страна ќе се зголеми и безбедноста на корисниците на системот.
Сообраќајното решение предвидува поставување на систвм за авотматско регулирање на влезот(влезовите) и излезот(излезите) од паркиралиштето, лоциран во една влезно-излезна точка на системот или одвоени излезни, односно влезни точки. Системот се состои од градежен дел и регулациона паркирна опрема.

Основна намена на системот е обезбедување пристап и паркирање на возила во споменатиот простор на еден современ начин, кој подразбира целосно регистрирање на сите влезени и излезени возила од паркиралиштето, како и ефикасно искористување на просторот. Покрај остварување на основната цел, со воведување на системот се зголемува и безбедноста на возилата на корисниците на паркиралиштето, за што допринесува вградената опрема (автоматските рампи), како и самата постапка за излегување од паркиралиштето, при која со покажување на влезната картичка, корисникот на возилото на некој начин се легитимира како сопственик на возилото кој го внесол возилото во терминалот и кој ја поседува влезната картичка. Со опција на воведување на чип картички за претплатните, специјалните и службените корисници, ќе се олесни пристапот во паркиралиштето и излезот на возилата за службите кои го користат ова паркиралиште. Ова ќе биде остварено со помош на специјални бесконтактни чип картички чиј број ќе биде ограничен и ќе зависи од потребите на службата која управува и стопанисува со системот. При кодирање на бесконтактните чип картички се применува специјален заштитен код при што секоја картичка има свој уникатен идентификацион број. Со тоа се овозможува во сите извештаи да бидат присутни и бројот на претплатни, специјални или службени возила кои влегле и излегле од паркиралиштето, како и времето во кое се задржале во него.

Влезот и излезот се регулирани со автоматски рампи, кои се дел од системот, заедно со влезен и излезен терминал, кои се исто така важни делови на системот. Пристапот во паркиралиштето е регулиран во зависнот од типот на корисникот, но во основа се одвива со помош на автоматизирани документи (влезен документ каде времето на влезот е регистрирано и кодирано во форма на бар код, бесконтактни чип картички, чиј број ќе кореспондира со бројот на расположливи места за паркирање во системот, излезен документ за потврда на извршената уплата итн). За работењето на системот е потребен оператор, кој ќе ја врши наплатата, при што ќе ја користи влезната картичка и ќе издава и фискална сметката како потврда за плаќањето во готово. На крајот од својата смена, операторот изработува операторски извештај за наплатените средства.
Обработката на документите. како и нивно регистрирање ќе се врши со помош на персонален сметач, лоциран во контролната куќичка и кој е повразан со ситемот преку енергетско-контролниот ормар, кој служи за управување со рампите, терминалите, детекторите на возила и друга паркирана опрема (семафор, променлив знак зафатено-слободно и др). Персоналниот сметач е опремен со ласерски бар код читач со помош на кој се исчитуваат сите заштитетни и кодирани информации, кај кои не може да дојде до инволвирање на операторот на паркиралиштето, како на пример времето на влез во паркиралиштето и сл., со дисплеј за цената на кој корисникот може да ја прочита сумата што треба да ја плати. бар-код принтер за изработка на влезни картички, како и принтер за извештаи за сменското материјално-финансиско работење и статусот за наплата и фискална регистер каса со извлеклива кутија за пари.

ОПИС НА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ
Системот е всушност составен од влезна и излезна партија, поставени една до друга разделени со островото на кое е вградена паркирната опрема и наплатната куќичка. Наплатната куќичка, зависно од конфигурацијата на теренот, може да биде поставена на самото острово, или пак во одредени случаи, надвор од него на место каде што е најпогодно и се создава најмала загуба на паркинг простор. Влезната партија, како и излезната партија функционираат како две независни единици на единствениот систем, при што е можно во исто време да се опслужуваат возила и на влезната партија и на излезнтата партија т.е. системот овозможува во исто време едно возило да влегува и друго возило да излегува од системот.

РЕГИСТРИРАЊЕ НА ВОЗИЛА
Тоа се обавува автоматски. без инволвирање на операторите во оваа операција. Функционира непрекинато 24 часа и 365 денови во годината и е независно од состојбата со електричната енергија од мрежа. Се врши со помош на детекторски јамки кои се вградуваат во асфалтот непосредно пред влезниот терминал и под влезната рампа. со помош на кои се регистрираат влезените возила во системот, додека со помош на детекторската јамка лоцирана непосредно пред излезниот терминал и детекторската јамка лоцирана под излезната рампа се регистрираат и бројат излезените возила. Овие информации се предаваат на апликативниот дел од софтверот за материјално-финансиско работење со системот и служат за изработка на извештаите. При нестанок на електрична енергија, контролниот систем продолжува да работи напојуван од уредот за непрекидно напојување УПС. За тоа време. тој ги брои влезените и излезените возила од терминалот, но не може да управува со автоматските рампи, кои се отворени. При воспоставување на доводот на електрична енергија, системот автоматски ги затвора рампите и продолжува со редовната работа. За време на нестанокот на електрична енергија, операторот е должен сам (рачно) да ги подига и спушта пречките на рампите се до доаѓањето на редовното електрично напојување или пак вклучување на резервното напојување (агрегатот и сл.).
ВЛЕЗ ВО СИСТЕМОТ – влезна процедура
Влегувањето во паркиралиштето е условено со издавање на валиден документ за влез во паркиралиштето – т.е. влезна картичка. Влезната картичка ја издава влезниот принтер кој комуницира со серверот на системот, сместен во контролната куќичка. а податоците и кодот го добива преку софтверот на персоналниот сметач на кој е инсталирана апликацијата за управување и водење на паркиралиштето. Верифицирањето на претплатните, специјалните или пак повластените службени лица се врши со помош на читач на бесконтактни чип картички, кој се наоѓа на влезниот терминал. Во влезната картичка кодирано е внесена информацијата за времето во кое е извршен влез во паркиралиштето. Ова е особено корисно во отстранување на можностите за манипулирање со системот. така да во овој случај пресметувањето на тарифата се врши автоматски, без инволвирање на операторот на системот. Подигањето на автоматската влезна рампа се извршува после земањето на отпечатениот билет од страна на корисникот на услугата и му е овозможен влез во паркингот.

Постапката на влез во паркиралиштето со чип картички не го инволвира воопшто операторот на паркиралиштето.

ИЗЛЕЗ ОД СИСТЕМОТ – излезна процедура
Излегувањето од паркиралиштето е условено со извршувањето на наплатата на услугата за користење на паркиралиштето, која се обавува во контролната куќичка од страна на операторот на паркиралиштето. При излегувањето од паркиралиштето корисникот е должен добиената влезна картичка повторно да ја покаже на операторот на паркиралиштето. При тоа операторот со помош на бар-код читач го исчитува времето кодирано на влезната картичка, а персоналниот сметач со помош на зададениот алгоритам ја определува цената на услугата. Така пресметаната цена се претставува на видлив дисплеј кој се наоѓа поставен надворешно и насочен према корисникот на излезната страна. Откако корисникот ќе изврши наплата за услугата што му е пружена. операторот на паркиралиштето со притискање одреден тастер од тастатурата, потврдува дека ги примил парите од корисникот. Во тој момент персоналниот сметач ја регистрира оваа трансакција во базата на податоци и од тој момент системот го чека корисникот со таа бар-код картичка да се појави пред излениот терминал. Операторот кој работи во соодветната смена се задолжува со примениот износ на пари во сменскиот извештај.

Претплатните корисници, специјалните корисници или пак повластените лица при излез од паркиралиштето ја прибилижуваат бесконтактната чип картичка до читачот на бесконтактни чип картички со што се верифицира можноста одредениот корисник да го напушти паркиралиштето.

АРХИТЕКТУРА НА КОНТРОЛНИОТ СИСТЕМ
За да се оствари независното фукционирање на влезната партија и излезната партија, секоја партија има свој микропроцесорки контролер кој ја координира работата со централниот контролер кој ги управува и контролира сите функции на системот, што значи дека со системот управува мултипроцесорски систем составен од три микропроцесорски контролери базирани на кикропроцесори. Секој од процесорите за влезната и излезната партија комуницира со детекторите на возила во својата партија, од каде што добива информација за присутност на возилото над детекторската јамка.

Функционирањето на влезната и излезната партија е речиси идентично.