• nikob@nikob.com.mk
  • 02 / 3088 - 500 | 02 / 3088 / 505
  • Пон - Пет 8:00 - 16:00

Системите за контрола на пристап иако присутни од најстарите цивилизации со воведувањето на вратите и бравите како механички системи за контрола на пристап во денешно време носат значење на електронски автоматизирани системи за контрола на пристап преку авторизација на корисниците преку:
Внесување на сопствен PIN број
Назначување на безконтактна RF ID картичка
Авторизација преку исчитување на биометриски податок од корисникот како на пример: отпечаток од прст, отпечаток на дланка, препознавање на глас, препознавање на ирис и слично
Во последно време се поактуелни се биометриските системи за контрола на пристап заради невозможноста за манипулација со биометриските податоци на лицата а со тоа намалување на евентуалните злоупотреби на системите.
Најчесто контрола на пристап се поставува на врати, без разлика дали се дрвени, алуминиумски, пластични, метални, стаклени, дали се отвараат крилно или на клизање. Типот на вратата го одредува типот на заклучување, односно блокирање на вратата. Тоа во случај на стандардни дрвени, метални, алуминиумски или пластични врати може да биде со електрична брава, а во поспецифични случаи каде што поставувањето на електричната брава не е возможно, односно безбедносните барања изричито налагаат на друго решени се оди на примена на електромагнетни лепачи или т.н. болт брави.
Овие системи иако може да работат самостојно или во т.н. stand alone режим на работа, многу често се поврзани во еден систем кој може да опфаќа и илјадници врати. Овие системи покрај можноста за давање на голем број на извештаи меѓу кои и извештаи за работно време, можат да се поврзат и интегрираат со други системи, како на пример со алармните системи, со системите за видео надзор, а истовремено и администрацијата на еден таков систем значително се олеснува