
Сектор за Физичка безбедност
СФБ дефинира присуство на лице или лица во објект кој ги штити луѓето и имотот од уништување, оштетување, кражба и други форми на криминални дејствија. Должностите на Секторот за физичка безбедност се прилагодени на индивидуалните потреби на секој клиент, бидејќи таквите услуги бараат близок контакт со клиентот и познавање на неговиот бизнис, а должностите се регулирани според сите позитивни законски прописи. Секторот за физичка безбедност е обучен, лиценциран и опремен според последните светски стандарди во опсегот на Приватното обезбедување Најчесто ги препорачуваме услугите на СФБ за средни и големи компании чии капацитети бараат нашите вработени за физичка безбедност да бидат 24/7 достапни. Ние ги доделуваме нивните одговорности во зависност од безбедносните потреби на вашиот имот, обејкт, лица или бизнис по претходно изработен стратешки пристап, проценка и развивање на оперативно – тактички план Најчестите должности на вработените во Секторот за физичка безбедност се:
-
Надзор и евиденција за влез/излез на лица, возила и стоки во заштитениот објект
-
Физичко обезбедување на лица, објекти и големи корпорации
-
Патролирање, извидување, набљудување и контрола на заштитениот објект
-
Водење евиденција во книгата на согледувања на неправилности
-
Отклучување/заклучување простории во заштитен објект
-
Вклучување/исклучување на алармниот систем во заштитената зграда
-
Контрола на возила и паркинг простор