• nikob@nikob.com.mk
  • 02 / 3088 - 500 | 02 / 3088 / 505
  • Пон - Пет 8:00 - 16:00

Системите за периметарска заштита се користат за откривање натрапници на самата ограда уште пред да навлезат во објектот. Во зависност од типот на објектот, безбедносните барања и типот на оградата, постојат повеќе решениа кои може да се имплементираат, но примарно се делат на 2 типа:
1. Видео детекција на движење со интелигентни алгоритми за препознавање на тип на движење каде со помош на специјален софтвер се врши обработка на видео сигналот во реално време и се генерира аларм во случај да се детектира натрапник

2. Детекција на натрапник со помош на разни детектори:

Инфра црвени бариери – кои може да бидат со повеќе зраци, поставени паралелно или испреплетени со висина во зависност 0од реалните потреби на самиот објект кој се штити
Микробранови бариери – кои формираат заштитен балон помеѓу 2 точки висок 2 метри а широк 1 метар
Доплер бариери – кои најчесто се користат во комбинација со горенаведените типови на бариери
Вибрациони / инерциони детектори (механички или пиезо-електрични) кои се поставуваат на оградата и детектираат потреси на истата
Пасивни детектори на електромагнетни полиња – овој систем се состои од специјални кабли, вкопани покрај самиот периметар кои детектираат промени во електромагнетното поле
Акустични и фибер-оптички детектори – за монтажа на ограда
НИКОБ ги нуди производите на CIAS – Италија>, со повеќе докажани имплементации во државата и регионот.