
Системите за детекција и дојава на пожар (или како популарно се нарекуваат против пожарни системи – ПП) се со најдолга традиција на развој и производство, почнувајќи од почетокот на минатиот век. Според начинот на комуницирање и бројот на елементите во системот, ПП системите може да бидат конвенционални или аналогно-адресибилни.
Дизајнирањето на еден стабилен систем за детекција и дојава на пожар е задача која бара познавања како на позитивните законски прописи во РМ, меѓународни стандарди за дизајнирање на ака и детални познавања на техничките можности на опремата која се вградува.
Проектантскиот тим на НИКОБ стабилните системи за детекција и дојава на пожар ги дизајнира во согласност со најстрогиот светски стандард – BS5839, кој се однесува на ваков тип на системи.
НИКОБ ги нуди производите на најстариот и најреномиран светски производител на детектори за пожар – HOCHIKI – Јапонија, компанија која својата дејност во развој и произведство на ваков тип на системи го започнала во далечната 1918 година.
Преку најразлични детектори кои може да бидат димно оптички, температурни, термо-диференцијални, Инфрацрвени бариери, ултравиолетови детектори па се до наједноставните рачни детектори за пожар.
Обработката на сигналите честопати ја врши контролниот панел чиј што капацитет зависи од бројот на вградените детектори и комплексноста на системот што се проектира и гради.
Дојавните елементи – во кои спаѓаат сите видови на сирени за внатрешна и надворешна монтажа, ПП ѕвончиња, стробоскопски предупредувачки светла и слично.