• nikob@nikob.com.mk
  • 02 / 3088 - 500 | 02 / 3088 / 505
  • Пон - Пет 8:00 - 16:00

Националниот оперативен центар на Никоб ги добива сите дојави од објектите преку алармните централи кој стигнуваат во вид на алармен сигнал до ДОЦ, кој во истиот момент преку радиокомуникацискиот систем ја пренесува информацијата до патролата која се наоѓа најблиску до објектот изложен на ризик. Патролата е со 2 минути средно време на интервенција. Националниот оперативен центар, работи 24 часа, 7 дена во неделата и е задолжен за координација и комуникација со останатите дирекции и служби кои функционираат во НИКОБ. Во ДОЦ работи тим од обучени оператори со повеќегодишно искуство. Во тој центар пристигнуваат сите типови, алармни дојави од цела територија на РМ, независно од методот на дојава (телефонска, радио, GSM-GPRS или IP). По добиената алармна дојава, ДОЦ преку сопствена криптирана радио комункациска врска врши координација со патролите на терен на територијата на цела држава.

Радио комуникациската мрежа e составена е од серија  дигитални репетитори кои работат на „транк“ принцип. Целокупната радио комуникација е дополнително заштитена со модули за гласовна eнкрипција. Репетиторските станици кои се поставени на територија на РМ, меѓусебно се поврзани преку безбедни линии, т.е. VPN линии.

Паралелно со развојот на радио комуникациската мрежа, НИКОБ обезбедување, направи сериозна инвестиција во развој на современа радио алармна мрежа. Со нејзина помош, се овозможува  моментално (во момент на активирање)  да пристигнуваат алармни дојави од цела Македонија, до ДОЦ.

Радио алармната  мрежа е составена од серија  базни, приемни станици поставени во урбаните средини низ Македонија и меѓу себе се порзани со криптирани примарни комуникациски линкови, како и „бекап“ линкови со GSM/GPRS технологија. Предност на овој систем е што информацијата ја проследува во ист момент, за разлика од досегашниот начин кога дојавата доаѓаше за 20-тина секунди и беше подложена на можен физички прекин на телефонската линија од страна на потенцијалниот натрапник. НИКОБ обезбедување, технички располага со опрема за прием на алармните сигнали, користејќи телeфонска линија GSM/GPRS и IP. Сепак, новиот радио систем за алармни дојави ги надополнува сите недостатоци на претходно споменатите начини на дојава, придонесувајќи за се поголема безбедност и ефикасност при пренесувањето на алармните сигнали.

Дирекцијата за централизирано обезбедување располага со 90 патролни возила на смена на ниво на цела Македонија комплетно опремени со системи за радиокомуникација, таблет уреди за наведување и позиционирање и современ ГПС систем, сè со цел поефикасна координација помеѓу ДОЦ и самите патроли.
Во рамките на ДОЦ, работи и Служба за техничко обезбедување, која 24 часа дневно се грижи за техничката исправност на уредите поставени кај нашите клиенти.

  1.  
https://nikob.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/Bojan_3_Patrolno-crop.png

Услуги:

  • Високо квалитетни противпровални алармни системи со 24 часовно техничко и патролно обезбедување. Алармните системи се од реномираниот производител „Парадокс“. Системите можат да бидат жичени и безжичени.

  • Противпожарни алармни системи – чадот од пожарот го активира сензорот по што нашиот Мониторинг центар ја прима информацијата и веднаш ги известува нашите Патролни единици, локалната против пожарна служба, полицијата и сопственикот или одговорното лице.

  • Комбинирани противпровални и противпожарни системи со 24 часовно техничко и патролно обезбедување.

  • „Паник тастер“ со гарантирано време на реакција.