• nikob@nikob.com.mk
  • 02 / 3088 - 500 | 02 / 3088 / 505
  • Пон - Пет 8:00 - 16:00

KENWOOD е јапонска компанија со долгогодишно искуство и традиција во радио-комуникациската технологија. Производите кои ги нудиме може да се поделат во неколку категории и тоа:

1. Професионална дигитална радио комуникациска опрема – NEXEDGE серија
NEXEDGE дигиталната серија на радио комуникациска опрема е најновото технолошко достигнување на KENWOODсо повисока класа и далеку поконкурентни цени од останатите производи на пазарот. NEXEDGE серијата нуди:

Дигитален пренос на аудио сигналот – без иритирачкото шуштење при слаб сигнал или сметање кое го има кај аналогните системи
Можност за градење на дистрибуиран систем со повеќе локации меѓу себе поврзани со WAN мрежа
Можноста за едноставно градење на TRUNK-ирани системи со едноставно програмирање и оддржување на истите преку IP врска
Едноставен софтвер за диспечерска служба со можност за комуникација со единачни станици, групи од станици, дигитално автоматско снимање на разговорите, GPS лоцирање преку споствената радио мрежа и слично

2.  Професионална аналогна радио комуникациска опрема
KENWOOD и понатаму продолжува да ги нуди и развива своите аналогни решенија кои со својот квалитет и конкурентна цена се се повеќе присутни на нашиот пазар. Тука покрај рачните и мобилните радио станици, спаѓаат и репетиторите / базните станици и слично.

3. ATEX – сертифицирана професионална радио комуникациска опрема за работа во околина каде има запалливи испарувања или гасови (како што е нафтено-преработувачката индустрија)

4. License-Free радио станици

5. Радио – аматерски радио станици

НИКОБ ги нуди сите производи од производната гама на KENWOOD – комуникации, како и разни аксесоари за истите – микрофони, футроли, батерии, полначи и слично.