• nikob@nikob.com.mk
  • 02 / 3088 - 500 | 02 / 3088 / 505
  • Пон - Пет 8:00 - 16:00

Операторите во Центарот за мониторинг и операции на НИКОБ од 0-24 ги следат и ги координираат сите безбедносни системи кои се поврзани во центарот, како што се алармни системи за провалници и системи за видео надзор во деловни и приватни простории, системи за аларм за пожар, GPS системи во возилата на нашите клиенти и возилата на НИКОБ и системите за физичка заштита.
НМЦ и СКП се секогаш подготвени да превенираат, реагираат, кординираат и операцилизираат 24/7 преку сопствена автономна телекумуникациска мрежа
Доколку не реагирате веднаш на настани како кражба, вандализам или пожар, последиците може да бидат сериозни.
Едноставно е – колку побрзо ќе бидете предупредени за потенцијална закана, толку е помала веројатноста таа да се реализира .
Затоа, поврзувањето на безбедносниот систем со централниот алармен систем во контролниот центар на безбедносната компанија е многу важно. Операторите во Центарот за мониторинг и операции на НИКОБ од 0-24 ги следат и координираат сите безбедносни системи поврзани со центарот. НМЦ и СКО моментално има повеќе од 500 објекти поврзани со централен систем за мониторинг.
По добивањето на известување за аларм или кога ќе се забележи сомнителна ситуација од системот за видео надзор или надзор на возила, операторите на НИКОБ ја потврдуваат неговата автентичност и продолжуваат да следат процедура која е усогласена со корисникот на услугата. На алармот најчесто реагира нашиот интервентен тим од обучени и искусни обезбедувачи кои во најкус можен рок ги елиминираат причините и го штитат објектот до пристигнување на припадници на МВР, или корисници на услугата.
Националниот мониторинг систем е срцето на сите операции
Нашиот оперативен центар за мониторинг, или како што понекогаш го нарекуваме, Дежурен безбедносен оперативен центар (ДБОЦ), е срцето на сите наши операции. Тој игра централна улога во нашата безбедносна стратегија. Околу — оператори се клучни за поддршка на нашата компанија, чуварите на нашите објекти и нашите клиенти. Бројот што го повикувате кога ви треба помош или корисничка поддршка ѕвони директно во оперативниот центар за мониторинг на НИКОБ.
Благодарение на напредната технологија, Центарот за мониторинг и операции на НИКОБ нуди голем број можности:

https://nikob.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/Bojan_5_Monitoring-crop.png

Услуги:

  • Електронско набљудување и извидување

  • Виртуелни патроли на згради преку видео надзор

  • Здравствена интервенција за помош на стари лица во случај на паѓање, губење на свеста, напади на паника, пожари итн. или потреба од редовен медицински надзор

  • Следење на возила

  • 24/7 поддршка на клиентите

  • Отворање/затворање на влезови за автомобили и пешаци во објектите на клиентите

  • Издавање гласовни предупредувања

  • Комуникација преку домофон и сл