
Со развојот на новите технологии Аудио и видео домофонските системи за контрола на пристап имаат се повеќе опции и можности. Развојот на LCD технологијата, овозможи развој на современи видео-домофонски панели дизајнирани за да се вклопат во домашниот ентериер со напредни функции како што се:
Екран осетлив на допир
Снимање на видео пораки кога сопственикот не е дома
Извршување на различни функции (отварање на гаражни врати, врата за пешаци и слично)
И покрај законската обврска и примарната намена за поставување на ваков тип на системи во станбените згради, овие системи се имплементираат и кај деловни простории и приватни куќи со можност за комбинирање на повеќе влезови/излези од објектот, интеграција со системите за контрола на пристап и слично.
НИКОБ ги нуди производите на Шпанскиот производител FERMAX, Италиојанскиот – bpt, како и на Турскиот производител NaDe.